Оваа сезона на Вага ќе биде поинаква: Еве што точно му носи на вашиот хороскопски знак

хороскоп
Фото: Unsplash

Вагата секогаш носи свесност за важноста на задоволствата, убавината и удобноста. Оваа сезона, Вагите ќе имаат многу посериозен тон. Сето тоа е благодарение на моменталниот „транзит“ на ретроградниот Марс и претстојниот ретрограден Меркур.

Кога Марс – планетата на дејствување, желба и агресија е ретрограден, тој бара од нас да ги прегледаме начините на користење на нашата енергија.

А кога Меркур, планетата на комиуникацијата е ретроградна, сака да нè натера да мислиме дека сме разбрале сè.

Овој период ќе донесе со себе непредвидливи, невидени, непостојани настани за кои не можеме да бидеме подготвени, но не треба да бидеме изненадени.

Еве што може да очекувате од оваа сезона на Вага и како ќе влијае на вашиот хороскопски знак:

ОВЕН

Важни моменти во кариерата ќе ви помагаат да го разберете вашето влијание, моќ и цел. Крајот на септември јасно покажува дека вреди да вложите напори за да ја искачите секоја професионална планина. Како што ќе се развива октомври, со себе го носи ретрограден Меркур кој ќе бара да ги преиспитате вашите заеднички договори, да ги подмирите сметките и да оставите простор за некои неочекувани работи.

БИК

Крајот на септември ќе ви помогне да сфатите колку труд вложувате за да ги постигнете вашите долгорочни цели и со колку „внатрешни критичари“ се борите на тој пат. Работата на себе можеби не ви е толку видлива однадвор, но токму во тоа е поентата. Во средината на октомври, обидете се да не ве занесе нечив хаос, бидејќи нема да можете да им помогнете. Вашите партнери имаат нешто важно да ви кажат – можеби ќе ви треба повеќе напор од вообичаено за да ја разберете нивната порака.

БЛИЗНАЦИ

Крајот на септември ќе ја тестира вашата креативност. Несогласувањата може да бидат почести, но тоа нема да ви помогне да ги завршите своите задачи. Со оглед на тоа што ве чека напорен распоред на работа до средината на октомври, неопходна е флексибилност од ваша страна. Ретроградниот Меркур јасно покажува дека треба да се грижите помалку за тоа како традиционално ги вршите работите и да се фокусирате повеќе на она што можете да го направите со она што го имате.

РАК

Со поглед на вашите тековни професионални проекти, не заборавајте да ги поминете последните денови од септември задоволувајќи ги вашите потреби. Вие не сте машина и ако се однесувате така кон вашето тело, тоа ќе се побуни. Ретроградниот Меркур во октомври сака да ви помогне да ги усовршите работите кои ви носат неочекувани задоволства. Стресот секогаш можете да го запрете со пауза и одмор. Колку повеќе вложувате во она што е лесно за уживање, толку повеќе се обновува вашата креативна енергија!

ЛАВ

Крајот на септември ќе ви помогне да донесете важна одлука за некој долгорочен план. Сигурно ќе се загреете малку обидувајќи се да разјасните сè, затоа бидете повеќе фокусирани на вистината отколку на победа во битката. Како што ќе се развива октомври, може да почувствувате необјаснива желба да го редизајнирате вашиот животен простор или да преговарате за некои семејни обврски. Ќе сакате малку повеќе слобода од вообичаено од работите кои постојано ги исполнувате за другите. Запомнете дека секогаш можете да си дадете „тајм-аут“!

ДЕВИЦА

Проблемите ќе се обидат да го црпат вашето време и внимание на крајот на септември. Ако финансиските проблеми ве предизвикуваат да бидете отворени, ова ќе биде вашата шанса да ги надминете тие стравови. Како што ќе се развива октомври, ретроградниот Меркур ќе се фокусира на промените што се случуваат во вашиот секојдневен живот.

ВАГА

Крајот на септември ќе ви помогне да ги разјасните границите со најблиските. Потребите на оние за кои се грижите не можат да станат поважни од вашите. Иако напнатоста во врската може да ве вознемирува, соочувањето со нив ви дава сила. Како што ќе се развива октомври, ќе ги истражувате ситниците и ќе ја анализирате финансиската состојба. Со неочекувани промени во буџетот, не заборавајте да не ја трошите заштедата на нешто што навистина не го сакате или не ви е потребно!

ШКОРПИЈА

Ако сте биле зафатени со согледување на вашите деловни успеси и неуспеси, крајот на септември ќе ви помогне да гледате појасно на работите. Како што се приближува октомври, ќе оставате силен впечаток кој не може лесно да се заборави. Овој период бидете трпеливи и искрени со себе.

СТРЕЛЕЦ

Крајот на септември ќе бара од вас да бидете повеќе од посредник на оние на кои им треба помош. Ќе бара да ја разберете иднината што се обидувате да ја изградите со други и како во овој момент мора да изгледаат личните односи за да се случи тоа. Во некои ситуации, ќе мора да го одложите искажувањето на вашите ставови, но на крај, довербата што ќе ја изградите ќе вреди. Како што се приближува октомври, од вас ќе бара да имате отворен ум кога ќе се соочувате со лична критика. Време е за нови тактики при преиспитување на старите однесувања и начини на само-самотажа. Обидете се да ги замените ваквите навики со огромни дози на хумор и емпатија кон другите.

ЈАРЕЦ

Суштината на проблемот е домот. Не земајте никакви информации здраво за готово, дури и ако се искажани со малку непријатен тон. Како што ќе се развива октомври, ретроградниот Меркур ќе ве натера да го разгледате вашиот социјален живот и ќе ви донесе неколку неочекувани средби.

ВОДОЛИЈА

До крајот на септември, пречките на вашиот пат ќе станат јасни. Иако неколку разговори ќе ја тестираат вашата способност да останете непристрастни, во оваа фаза повеќе ви одговара да не трошите премногу од својот резервоар на патот кој е однапред изгубен. Во средината на октомври, вашите професионални улоги ќе претрпат неколку неочекувани промени. Малку дополнителна трпеливост ќе ви помогне внимателно да го избегнете хаосот со кој инаку би се соочиле.

РИБИ

Како што ќе се развива октомври, фокусот ќе се насочува кон вашите долгорочни планови и сите непредвидени промени што ќе влијаат на нив. Во овој период од годината, најдобро е да не бидете прецврсто врзани за времето и да бидете повеќе фокусирани на квалитетот на она што го создавате. Октомври ќе помине, но добрата работа е секогаш тест на времето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот