„Отворени финансии“: Граѓаните ќе имаат увид во „Државната каса“

Премиерот Зоран Заев, министерката за финансии Нина Ангеловска и министерот за отчетност и транспаретност Роберт Поповски  ја промовираат новата веб-платформа „Отворени финансии“.

Сега граѓаните и новинарите секојденвно може да ја отвораат платформата и да бараат нелогичности, а со тоа ќе се бара поголема одговорност од министрите и директорите на институциите при трошењето на буџетските пари.

– Од денеска па натаму кога некое министерство, агенција или државна управа ќе извршат уплата на пари, трансакции во рекордно време ќе биде јавно достапна на увид на сите граѓани. Отварањето на трезорот е една од најголемите мерки во намалување на корупцијата и неправилности во работењето на државните институции, како и штедење на парите на граѓаните. На овој начин граѓаните ќе можат слободно да ги истражуваат плаѓањата на државните институции и да видат дали некоја институција форсира одреден економски оператор или компанија или префрлува пари на исти физички лица. Потоа преку Законот за пристап за информации од јавен карактер ќе може да бараат дополнителни информации за таа трансакција – рече Заев.

На увид на граѓаните се сите финансиски трансакции на министрите и државните институции од 2010 година сегашните и идните трансакции. Информациите на платформата ќе се обновуваат секои 15 дена.

– Од денеска над 12,5 милиони трансакции се на увид на граѓаните се ставаат на увид финансиските трансакции од буџетските средства на корисниците. Стандардите се поставени. Од денеска овие транскации ќе бидат јавно достапни на увид – рече Заев.

Платформата е изработена од Министерството за финансии со поддршка од Меѓународниот републикански институт ИРИ и на УСАИД.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска рече дека преку плаформата „Отворени финансии“ ќе се овозможи разумно трошење на државните пари, бидејќи само со неколку клика на компјутер ќе може да се дознае какви уплати врши некој министер, директор и друго одговорно лице.

– Објавувањето на податоци од трезорот станува законска обврска на државните институции. Поради тоа платформата ќе придонесе за поефикасна работа на институциите и подобро трошење на парите на граѓаните, истакна министерката Ангеловска.

Според Роберт Поповски, министер без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност целта на платформата „Отворени финансии“ е да ја врати довербата на граѓаните во државните институции. Покрај увид во трошењето на јавните финансии, како што рече тој граѓаните и граѓанските асоцијации и организации ќе можат да даваат сугестии и предлози за креирање на подобри решенија за транспарентност.

Publiée par Sloboden Pecat sur Mercredi 20 novembre 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот