Отворен грандиозниот салон на Volvo Cars (ГАЛЕРИЈА)

фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Вчера свечено беше отворен новиот салон на престижниот шведски бренд Volvo во Македонија, па така сите љубители на овој производител ќе можат да го посетат и да изберат возило по свој вкус од младата гама на автомобили.

Како што беше најавено во текот на минатата година од страна на новиот застапник на овие возила во нашата земја, Premium AGS, новиот објект е изграден според највисоките Volvo Retail Experience стандарди и тоа претставува нов, свеж почеток на брендот Volvo во Македонија.

Претставување на Volvo Retail Experience стандардите:

За таа цел поразговаравме со менаџерот на Volvo Cars во Македонија, Деан Јадровски, кој со голема возбуда ни објасни за новиот салон.

фото: Слободен печат/ Драган Митрески

– Среќен сум и радосен, меѓутоа и со голема одговорност што за првпат отвораме ваков центар во Македонија, и што првпат Volvo е претставен со еден грандиозен салон кој ги исполнува светските стандарди на шведскиот производител. За првпат во Македонија ќе овозможиме нов пристап за продажба на возилата на Volvo, со комплетно опфаќање на сите сегменти на задоволство на клиентите, преку демо-возила, тест-возила, посета на клиенти, а со тоа да се реализираат стандардите на Volvo за продажба на автомобили. Се надеваме дека имплементацијата на Volvo стандардите успешно ќе ја изведеме тука. Имаме висококвалификувана и искусна екипа, која сама по себе претставува предуслов за успешно позиционирање на брендот на нашиот пазар – вели Јадровски.

Во новиот салон на Volvo Cars, кој се наоѓа на ул. „Перо Наков“, веднаш по салонот на Киа и комплексот на „Електроелемент“, изложени се повеќе автомобили од овој производител, како и неколку нови модели кои за првпат се појавуваат на нашиот пазар.

– Стигнати се два нови модела специјално за овој настан, кои за првпат ќе се појават на македонскиот пазар. Станува збор за моделите V60 Cross Сountry и V90 Cross Сountry, a наскоро се очекува и новиот Ѕ60 со моделска година 2020. Тоа е во моментов она што ќе биде новина во нашиот салон, покрај веќе постоечките понудени модели од релативно новата и млада гама на Volvo, која од пред четири-пет години зазема нов пристап на дизајн, на мотори, на технологии, на производство на возила и ние нормално ги следиме тие текови – додава менаџерот на Volvo Cars во Македонија.

Како и сите светски производители на автомобили, така и во Volvo Cars ги следат светските трендови на автомобилскиот пазар со претставувањето на хибридни и електрични возила. Затоа во најскоро време може да се очекува и кај нас да пристигнат некои од овие новитети.

– Начелно ние веќе во гамата имаме хибриди, и тоа во основа имаме три типови, а тоа е класичниот хибрид, plug-in хибридот и класичните електрични возила. Според најавите на Volvo веќе од 2020 година, нема да има повеќе дизел мотори, па така сите модели ќе бидат понудени во бензински и хибридни верзии, како и класични електрични возила – изјави менаџерот Јадровски.

Освен тоа што овој објект е салон за автомобили, замислен е како дел од Шведска во нашата земја во кој можете да го почувствувате, допрете и вистински да го доживеете шведскиот бренд и да имате уникатно искуство.

Погледнете ја галеријата која ја подготвивме специјално по повод отворањето на новиот изложбен салон на Volvo Cars во нашата земја.

[foogallery id=”43549″]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот