Откријте во кој хороскопски знак се раѓаат најмалку луѓе

Фото: Pexels/ Mikhail Nilov

Дали некогаш сте се запрашале во кој хороскопски знак се раѓаат најмалку луѓе? Одговорот на тоа прашање го имаме, а доколку припаѓате на тој знак, може да се сметате за посебни.

Овој хороскопски знак е од групата земјени знаци кои се познати по својата амбиција и животни подвизи, знак кој стои цврсто на земја и не е склон кон мечтаење.

Според една студија, се вели дека Јарецот е најреткиот знак во хороскопот, бидејќи најмалку родендени се слават помеѓу 25 декември и 1 јануари, односно за време на празниците, а тоа е период на знакот Јарец, чие владеење трае од 22 декември до 20 јануари.

Податоците во студијата откриваат дека, повеќето луѓе се раѓаат помеѓу јуни и ноември, што значи дека повеќето деца се зачнати во декември, јануари и другите студени месеци.

Можеби тоа има смисла, бидејќи во текот на зимата повеќе сме дома, а гушкањето под ќебе е омилена активност на многу парови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот