Откриен нов вид на коронавирус кај лилјаците

Таа додаде дека сè уште нема докази дека новооткриениот коронавирус може да предизвика болест кај луѓето.

Во студија на Индискиот совет за медицински истражувања (ИЦРМ) се наведува дека е откриен друг вид на коронавирус кај лилјаците во Индија.

Околу 25 така наречени овошни лилјаци биле позитивни на тестот за коронавирус наречен БтКоВ. Овошните лилјаци се населени во јужниот дел на Индија и во западниот дел на Хималаи.

– Овие лилјаци не се поврзан со САРС-КоВ2, што е причина за пандемијата со Ковид-19, изјави Прагиа Јадав од Националниот институ за вирусологија (НИВ) во Пуне и една од авторките на студијата.

Таа додаде дека сè уште нема докази дека новооткриениот коронавирус може да предизвика болест кај луѓето.

– Лилјаците се сметаат за природен резервоар на голeм број вируси, од кои некои се потенцијално патогени за човекот… Потребна е континуирано активно набљудување за да се откријат нови вируси, што потенцијално би предизвикале епидемија, посочи Јадав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот