EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Откриен факторот на ризикот за луѓето над 65 години поради кој симптомите на коронавирусот се компликуваат

Студија на Универзитетот во Њујорк тврди дека прекумерната тежина е број еден ризик за да дојде до компликации и хоспитализација заради коронавирусот кај луѓето над 65 години.

Популацијата над 65 години е карактеризирана како ризична група за заболување од коронавирусот.

Старите лица и луѓето со прекумерна тежина имаат најголеми шанси да бидат хоспитализирани заради компликациите кои ги предизвикува коронавирусот, па дури и повеќе шанси од заболените од рак или со проблеми на белите дробови, предупредуваат истражувачите.

Фото: Unsplash

Универзитетот во Њујорк набљудувал повеќе од 8.000 пациенти и открил дека луѓето постари од 65 години со индекс на телесната маса над 30, се во најголем ризик од смртен исход. Повеќе од 46% од сите пациенти кои се хоспитализирани со коронавирус имале повеќе од 65 години. Научниците истакнале дека годините се дефинитивно најголемиот фактор за ризик за хоситализација, а здравствената состојба која најчесто била поврзана со сериозноста на болеста е дебелината.

Посебно истражување утврдило дека кај пациентите помлади од 60 години двојно поверојатно е дека ќе им биде потребна болничка нега или вештачка вентилација ако се дебели.

Новото истражување од Центарот за превенција и контрола на заразни болести, Националниот институт за старост и Националниот институт за Рак на САД, објавено неодамна на ЈАМА сугерира дека патот до долговечноста е полесен доколку сме физички активни, односно доколку пешачиме 6 километри дневно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот