Откажани повеќе од 2.000 летови во светот поради ширењето на омикрон

Патување во време на пандемија на коронавирус / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Авиокомпаниите мораа да откажат повеќе од 2.000 летови ширум светот, а скоро четвртина од нив се во Соединетите Држави, а главна причина е варијантата омикрон.

Според веб-страницата „FlightAware“, во петокот во 15:40 часот по средноевропско време, веќе имало најмалку 2.116 откажани летови, од кои 499 до или од Соединетите држави, без разлика дали се меѓународни или домашни. Според истиот извор, во четвртокот биле откажани 2.231 летови.

Голем број компании изјавија дека новиот бран на пандемијата, кој особено го погодува екипажот на авионот, е главната причина за овие откажувања.

„FlightAware“ наведува дека „United Airlines“ мораше да откаже повеќе од 170 летови во петокот, или 9 отсто од планираното.

Голем број на заразени луѓе низ целата земја ги погодија нашите членови на екипажот и луѓето кои ги водат нашите операции, објаснија од компанијата која бара решенија за патниците.

„Delta Air Lines“ откажа 145 летови, објави „FlightAware“, повикувајќи се на случаите на омикрон и лошото време.

„Тимовите на Делта ги исцрпија сите опции и ресурси“ пред откажувањата, соопшти компанијата.

Повеќе од десетина летови на „Алјаска ерлајнс“, чии вработени рекоа дека биле изложени на вирусот, мораа да се изолираат, па нивните летови беа откажани.

Но, повеќето од овие патувања беа планирани пред појавата на варијантата омикрон, која брзо се шири и принудува изолација и оние без симптоми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот