Откако истото го направи во Кина, коронавирусот го „прочисти“ воздухот и во северна Италија

Како што беше случај и со Кина, изгледа дека потполната блокада на Италија поради коронавирусот доведе до „прочистување“ на воздухот, а доказ за тоа се сателитските снимки кои покажуваат дека ситуацијата е значително подобра, барем кога станува збор за загадувањето на воздухот на северот на Италија.

Европската вселенска агенција преку своите снимки покажа како нивото на штетни гасови драстично е намалено.

Цела Италија веќе три дена е во потполн карантин поради катастрофалното ширење на коронавирусот. Блокадата придонесе до намалени активности, како на фабриките, така и на патувањата, па емисијата на штетни гасови значително е намалена.

НАСА претходно објави слични снимки кои се однесуваат на Кина, а таму воздухот по неколку недели карантин беше значитечно прочистен.

За потсетување, од коронавирусот во светот починаат повеќе од 5 илјади луѓе, заразени се 144.000. По Кина, најлоша е состојбата во Италија, каде во последните 24 часа починаа 250 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот