Отфрлени најавите дека во Србија ќе биде дозволено да се вози 150 километри на час: „Тој филм нема да го гледате“

Зорана Михајловиќ/ Фото: Инстаграм

На нашите автопати можете да возите колку што брзо сакате, но не заборавајте дека ќе бидете казнети доколку ја надминете брзината од 130 километри на час. И така ќе биде се додека важи актуелниот закон“, рече првата потпретседателка на српската влада Зорана Михајловиќ за „Блиц“, откако во медиумите се појавија информации дека толеранцијата на брзината на патиштата во Србија би можела да се зголеми на 150 километри на час.

„Тоа што сите треба да го знаат е дека во Србија нема, ниту ќе постои било каква толеранција за непочитување на било кој закон, па и Законот за безбедноста во сообраќајот“, рече Михајловиќ која претходно објасни дека за зголемувањето на толеранцијата за возење преку 130 километри на час не е возможно да се случи.

– Тој филм нема да го гледате – рече таа.

Минатата година во Србија беше променет Законот за безбедноста во сообраќај, со чија промена беше зголемена максималната дозволена брзина на автопатиштата од тогашните 120 на 130 километри на час.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот