„Отело“ на 18 Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“

Фото: Промо

Отворањето на 18 Интернационален фестивал на античка драма се случи на 3 август со премиeрната изведба на претставата „Орестија“. Традиционално во летните периоди на древната сцена во „Стоби“ се изведуваат театарски текстови од најпознатите антички драматурзи и се доделува награда за најдобра претстава, награда за режија и награди за најдобри актери. Во годинешната програма која ќе трае две недели, ќе бидат застапени две странски и четири домашни продукции, вклучително и петнаесет културни настани како што се: изложби, промоции на книги и филмски проекции под отворено небо.

„Отело“ на режисерката Нина Николиќ, а во копродукција на Македонски народен театар и БНП — Зеница ќе биде одиграна на фестивалското затворање на 17 август со почеток во 21 часот. Поради комплексноста, истата ќе биде изведена на сцената во „Театар Џинот“ – Велес. Претставата се игра во проза на два јазика, македонски и босански. Како што вели и режисерката Николиќ, пристапот кон текстот ги  разработува и денешните актуелни, свежи и безвременски теми.

Шекспировата трагедија „Отело“, по премиерната изведба на 16 ноември во БНП, Зеница – БИХ, беше премиерно одиграна и пред скопската публика на 4 декември 2019 година, а по изведбата во рамките на „Скопско лето“, ова за претставата е второ фестивалско претставување.

Во претставата играат актерите од двете земји: Енес Салковиќ, Саша Ханџиќ, Дарја Ризова, Ѓорѓи Јолевски, Златан Шкољиќ, Aлександар Ѓорѓиески, Џенана Џаниќ, Тамара Миличевиќ-Стилиќ, Александар Михајловски и Аксел Мехмед.

Сценографското решение е на Вишња Вујовиќ, Ивана Каранфиловска-Угуровска е костимограф, а на сценските движења работеше Димитриос Сотириу, текстот го преведоа Маја Трајаноска-Ивановска и Зина Агиќ, Крис Јегер работеше на дизајнот на светло, а композитор на музиката е Дуке Бојаџиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот