Осумгодишно момче нагазило на отровна морска риба во Паралија, врескало од болки (ФОТО)

Отровната риба таканаречена морски змеј можела да му предизвика сериозни проблеми на осумгодишниот Милан Левкиќ од Бор, кој на летување во Паралија, Грција случајно ја згазил само што влегол во морето, пренесува Телеграф.рс.

Оваа риба која Грците ја нарекуваат „дракена“ и која живее во длабокото, овој пат се нашла во плитките води, а карактеристична е по тоа што се крие во песокот, па скоро е невозможно да се забележи при влегување во вода.

„Тоа се случи на последниот ден од нашето летување и тоа час и половина пред да се вратиме назад во Србија“, изјави Весна Велиновски, мајката на Милан и додава:

„Само што влеговме во вода Милан почна да плаче затоа што ужасно го боли ногата. Мислев дека згазнал на некоја школка, затоа што воопшто немаше крв, само црвена точка на ногата.“

Двајцата отишле до тушот во близина, и тогаш Весна забележала бел круг и две зелени точки на ногата на Милан скоро како да е гриз од змија.

„Едвај можеше да стои на пета, со оглед дека убодот беше на стапалото под палецот. Се обиде да оди малку, па јас го носев потоа, а цело време не престана да вреска од болки“, раскажува Весна.

По доаѓањето кај лекарите, тие веднаш знаеле дека станува збор за отровна риба.

„Сварија вода, истурија во лавор, а потоа ни кажаа тука да ја држи ногата. Милан набрзо престана да плаче. За пола час целосно спласна отокот, а потоа и испи лек. Ни кажаа уште 2, 3 дена да ја држиме ногата во топла вода и да пие лекови уште една недела“, раскажува мајката.

Она што можело да биде опасно е дека 15 минути до половина час по убодот на оваа риба може да дојде до гушење, но за среќа детето на време добило лекарска помош.

Спасот е во топлата вода или топол камен затоа што отровот кој го испушта „рибата змеј“ е термолабилен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот