Осумдесетгодишна жена во Албанија ја доби битката против коронавирусот

Осумдесетгодишна жена од Драч ја доби битката против коронавирусот. Веста ја објави премиерот на Албанија, Еди Рама на социјалната мрежа Фејсбук.

-Добра вест: мајка Хатиџе од Драч, полни 80-години, се излече-, напиша Рама.

Досега во цела Албанија се излечени 40 пациенти, додека животот го загубија десет лица. Бројот на заразени лица со вирусот Ковид-19 во моментот изнесува 212.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот