„Останатите имале змија во џебот“: Погледнете колку пари ставил Лукас во пликото за Вељко и Богдана

Фото: Принтскрин

За свадбата на наследникот на пејачката Цеца Ражнатовиќ не престанува да се зборува, а она што највеќе се коментира и ги интересира луѓето, е кој од колегите на Цеца највеќе се „отворил“ за свадбениот подарок.

Она што многумина го забележале е тоа што Аца Лукас максимално ја испочитувал свадбената веселба на синот од својата колешка. Иако на почетокот на годината не беа во најдобри односи, сепак Цеца го повика Аца на едно од најважните случувања во нејзиниот живот.

Имено, Лукас највеќе се „отворил“ на свадбата, па така и во неговото плико во кое бил подарокот за младенците, имало 2.000 евра, а покрај тоа, пејачот не жалел пари ниту за музиката. Лукас делел бакшиш како да му е последен ден од животот.

– Лукас испадна цар. Тој стави 2.000 евра во плико, додека многумина имале змија во џебот – рекол соговорникот.

Изворот исто така раскажал дека таа вечер Аца не се чуствувал баш најдобро, но се потрудил никој да не забележи и како и останатите гости да биде весел.

– Тој ден Аца беше болен, а сепак дојде и се трудеше никој да не забележи дека му е лошо – изјавил соговорникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот