Османи во Рим се сретна со иселеници – нагласена важноста на пописот

Фото: mia.mk

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Рим се сретнал со повеќе наши граѓани и со претставници на неколку здруженија на дијаспората. Како што објави на својот фејсбук профил, ги повикал на активна мобилизација, а добил и нивна поддршка за заеднички да ја пренесат информацијата до иселениците во странство колку е важен пописот.

-Разговаравме и за други теми од интерес на дијаспората, за нивните загрижености, потребите, но и за можностите за унапредување на комуникацијата со државата, можностите за унапредување на достапноста на услугите кои ги користат граѓаните во странство, како и потенцијалите за нивно враќање во Северна Македонија, напиша Османи.

Министерот ја сподели и посетата во домот на Илир Фејзи, кој живее и работи во Рим.

-Топло добредојде во семејството на Илир Фејзи, во нивниот дом во Рим, каде разговаравме за секојдневниот живот и нивните потреби од државата. Ги запознав со процесот # Регистрација2021. Им беше најавено како да се регистрираат и за нив оваа можност беше многу исплатлива. Ги запознав и со постапката за #Попис2021. Тие веќе беа информирани и можноста за самопопишување значеше многу. Само на овој начин ќе можеме да креираме политики во интерес на државата, но и во интерес на дијаспората, наведе Османи.

Шефот на дипломатијата од денеска е во работна посета на Италија и на Светата Столица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот