Османи: Шкендија оди по позитивен резултат

Екипата на Шкендија со натпреварот во Естонија против Номе Калју ги започнува настапите во квалификациите за Лигата на шампионите. Уште на ждрепката, македонскиот шампион ја доби фаворитската улога, а тренерот Ќатип Османи очекува неговите избраници да го потврдат фаворитскиот статус и на теренот со позитивен резултат.

– Го анализиравме противникот и подготвени сме за првиот предизвик. Го респектираме Номе Калју, но свесни сме за сопствениот квалитет и веруваме во позитивен епилог. Естонскиот тим несомнено поседува квалитет, имаат одличен среден ред и посебно се опасни по левата страна. Посветени сме на нашето издание и очекуваме поволен резултат – вели Османи Османи.

Капитенот Арменд Алими исто така смета дека Шкеднија е поквалитетниот тим но тоа мора да се потврди на теренот.

– Натпреварите на европска сцена се секогаш потешки од оние во домашниот шампионат, но, сепак, квалитетот речиси секогаш пресудува. Мислам дека Шкендија е поквалитетен тим, максимално сме мотивирани и фокусирани и веруваме во успех – изјави Алими.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот