Оштетените штедачи ја поздравуваат одлуката на Уставен суд за поведената постапка за Закон за банки

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Здружението на оштетени физички и правни лица од Еуростандард банка „Правда за штедачи” им честита на уставните судии за поведената постапка по нивната иницијатива за оценка на уставноста на членот 163, став 3 од Законот за банки.

– Оваа историска победа е за сите граѓани во државата и истата треба да биде поттик да во овие тешки времиња на пандемија и економска криза уставниот поредок да служи како поддршка на граѓаните, а не за лични интереси на поединци и лоби групи. Се надеваме дека институциите нема да запрат тука и дека конкретниов случај на носење на историски праведна одлука ќе служи за пример како да делуваат понатаму. За историски одлуки се потребни херои, а денес тоа се уставните судии. Ви благодариме што останавте на страната на правото и правдата!, стои во денешното соопштение од Здружението.

Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за оценка на уставноста на членот 163, став 3 од Законот за банки, според кој, побарувањата на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители. Судот изрази сомнеж за уставноста на оспорената законска одредба.

Уставните судии пред неполни два месеца не поведоа постапка по иницијативата поднесена за истата одредба од Законот за банки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот