Орландо Блум сака да има деца со Кејти Пери!

Фотографија: Profimedia
Актерот Орландо Блум (42) во едно недамнешно интервју изјавиле дека сака да основа поголемо семејство со пејачката и негова вереничка, Кејти Пери, пишува news18.com.

Навистина сакам да уживам со семејството и пријателите, мојот син и да имам уште повеќе деца. Сакам да бидам сигурен кога ќе почнам да го остварувам тоа да биде со полно срце и многу јасно, а не само романтична идеја“, рекол тој нагласувајќи дека врската треба да се сфаќа озбилно.

„Кога си помлад, сите сме обземени од холивудската идеја за љубов и врски, брак и деца. Тоа што навистина е потребно е комуникација и компромис“, додава тој.

За актерот љубовта е моментално во „едноставните и мали моменти“. Прекрасниот познат пар се вери за Валентајн оваа година. Медиумите истакнуваат дека нивната венчавка би можела да биде во декември, додека неименувани извори тврдат дека тоа ќе биде мала и интимна церемонија со членовите на потесното семејство и некои поблиски пријатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот