Општина Битола ќе им додели по 10.000 денари на семејствата на осудените за „27 април“, неправедно биле во затвор

27 АПРИЛ КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК КРВАВ ЧЕТВРТОК
Упадот во Собранието на 27 април 2017 г. / Фото: EPA/EFE / MAJA ZLATESKA

Семејствата на осудените за упадот во Собранието на 27 април 2017 година ќе добијат еднократна финансиска помош од 10.000 денари од Општина Битола.

Ова денеска го изгласаа советниците во општинскиот Совет, по иницијативата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ.

Во документот што го усвои Советот, финансиската помош им се доделува на семејствата, поради тоа што нивните блиски биле неправедно осудени. Оваа квалификација наиде на реакции во Советот. Според советници од ДОМ, ваква формулација може да даде суд, а не општинските советници.

Одлуката беше изгласана без присуство на советниците од СДСМ и од Поинаку, кои уште во петокот ја напуштија седницата. Од СДСМ потоа преку партиско соопштение порачаа дека одлуката на Советот за финансиската помош за осудените за „27 април“ е злоупотреба на парите на граѓаните на Битола.

Советниците од Левица ја поддржаа иницијативата, иако ја нарекоа „лицемерна, срамна и омаловажувачка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот