Опожарена котларница во фабриката „Маја” кај Дебар

Густиот и црн чад се проширува над целата површина од градот и може да се види од повеќе километри оддалеченост.

Вчера попладне регистриран пожар во котларница на фабриката за флаширање вода „Маја”, која се наоѓа во близина на Дебар.

– Во Одделението за внатрешни работи во Дебар вчера во 13 часот пријавен е пожар во котларница од помошни простории од фабрика во Дебар. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат со интервенција на Територијалната противпожарна единица од Дебар. Увид извршија полициски екипи од ОВР Дебар, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Според командирот на дебарската ТППЕ, Џетан Мифтароски опожарена е само котларницата на фабриката „Маја” но други простории не се зафатени.

– Станува збор за посебна просторија, каде е сместена котларницата, која е опкружена со ѕидови изградени од огноотпорен материјал. Веднаш по дојавата нашата единица интервенираше и го изгасна пожарот, вели Мифтароски.

Додава дека од почетокот на годинава ова е седма интервенција на единицата, сите во објекти, вклучувајќи ја и интервенцијата во погон за преработка на дрво и пожар во подрумски простории на станбена зграда. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот