Онлајн депозит – Кликни и штедењето започнува!

Колку пати сте помислиле на најбрз начин да завршите некоја домашна обврска без да бидете физички присутни онаму каде што би можеле се’ да завршите и од далечина? Порачка на цвеќе за роденден, нарачка на пица за саботната собиранка, трајниот налог за домашните режиски трошоци… Сите овие нешта одат глатко кога можете да ги платите преку вашиот мобилен телефон или преку едноставен пристап од вашиот лаптоп.  Навиките во денешницата се променија, а со цел поефикасно да се обезбедат сите сервисни услуги, светскиот пазар прави целосен пресврт и динамично се посветува на електронските опции кои ги оптимизираат новите начини на користење на вашето време и пари.

Во време кога навистина имаме потреба од чувство на лична, но и финансиска сигурност, можноста за депозит се чини, неопходна. Она во кое предничи Халкбанк АД Скопје е еден новитет кој апсолутно ги покрива вашите потреби за штедење, не само време, туку и пари. Се работи за онлајн производ – депозит, наменет за физички лица корисници на електронско банкарство на Халкбанк, кој може да се отвори единствено преку платформата за електронско банкарство. А сите чекори кои водат до него се едноставни, преку еден клик – до многу можности!

 

Што го карактеризира овој производ?


Минимален износ на отварање на депозитот е : 3.000 МКД или 50 ЕУР

Максимален износ на вложување е без ограничување!

Исплатата на каматата е на крајот на периодот на орочување.

Каматната стапка е фиксна.

Со овој депозит можете да ги орочите средствата на 6, 12 и 24 месеци.

За повеќе информации околу производот – едноставно кликнете на овој линк.  Дознајте повеќе за можностите да направите повеќе за вас, вашиот личен, но и семеен буџет, вашите идни планови и финансиска стабилност, но и добро здравје и паметно вложено време – аплицирајте без да сте физички присутни во филијалите на Халкбанк. Затоа што важни се луѓето и нивната добросостојба.

 

Видео на денот