„One cable“ во индустриската зона „Сарај“ инвестиција вредна три милиони и 30 вработени

One Cable
Се работи за инвестиција од три милиони евра која моментно вработува 30 висококвалификувани кадри / Фото: МИА

Економската активност во земјава расте и во услови на пандемија, а приватните инвестиции, како оваа, се потврда за довербата што ја градиме со бизнис заедницата и за предвидливиот, стабилен деловен амбиент за вложувања, рече премиерот Зоран Заев по посетата на фабриката „One cable” за производство на кабли во индустриската зона „Сарај“.

Како што истакна Заев, се работи за инвестиција од три милиони евра која моментно вработува 30 висококвалификувани кадри.

„One cable“, истакна Заев, инвестира во современо производство на кабли за домашниот пазар, но и за извоз, а своите производи веќе ги пласираат во неколку земји.

– Продолжуваме со посветена работа и добри економски политики. Инвестициите, вработувањата и повисоките плати го менуваат животот на граѓаните. Оваа инвестиција, на „One cable“, е охрабрена токму од поддршката што ја дава Владата, подвлече премиерот.

Со него на промоцијата на инвестицијата се и првиот заменик-претседател и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министрите Фатмир Бесими и Крешник Бектеши, градоначалниците Петре Шилегов и Беџети.

Пред присутните се обрати и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„One cable“ произведува бакарни кабли и ПВЦ гранулат за електрична енергија со најмодерна технологија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот