ОН: Советник на Трамп кршел ембарго за оружје за Либија

Во главниот дел од извештајот до ОН, во кого имале увид американски медиуми, панелот експерти наведуваат  дека „операцијата на скапа приватна воена компанија” наречена „Проект опус” е направена за да се обезбеди воена опрема за командантот Калифа Хафтар .

Поранешен офицер на американската морнарица и основач на приватна воена компанија Blackwater USA, Ерик Принс, некогаш близок советник на американскиот претседател Доналд Трамп, го прекршил ембаргото на ОН за извоз на оружје во Либија. Тоа се случило заедно со три компании од ОАЕ и нивни менаџери за време на операција за помош на воениот командант на бунтовниците да го заземе Триполи, велат експертите на ОН.

Во главниот дел од извештајот до ОН, во кого имале увид американски медиуми, панелот експерти наведуваат  дека „операцијата на скапа приватна воена компанија” наречена „Проект опус” е направена за да се обезбеди воена опрема за командантот Калифа Хафтар .

Во проектот „Опус” има и план за киднапирање или елиминирање на важни цели во Либија”, велат експертите на ОН.

Принс и друг човек од извештајот негираа дека сториле нешто лошо, а планот први го објавија Њујорк Тајмс и Вашингтон пост.

Во април 2019 година, Хафтар и неговите сили, поддржани од Египет и ОАЕ, почнаа офанзива и се обидоа да го освојат Триполи. Нивниот напад заврши неуспешно откако Турција даде воена поддршка на признатата од ОН влада со помош на стотици војници и илјадници платеници од Сирија. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот