Омилените тестенини во слатка варијанта: Медени шпагети со ореви

Фото: Unsplash

Доколку сте љубител на шпагети, а притоа сакате да експериментирате со вкусовите овој рецепт е како создаден за вас. Брзите и лесни сосови се одличен додаток во тестенините затоа што го збогатуваат нивниот вкус. Овој пат наместо Карбонара или Болоњезе сос во предлагаме еден сладок и уникатен сос чии главни состојки се домашен мед и ореви.

Состојки:

– 250г шпагети
– 50г. сечкани ореви
– 4 лажици мед
– 2 лажици кафеав шеќер
– 4 лажици кокосово брашно
– 100г посно чоколадо за готвење (по желба)

Подготовка:

Сварете ги шпагетите во вода во која ќе додадете и малку сол. Убаво исцедете ги и додека се топли додадете го медот и убаво промешајте ги во некој подлабок сад.

Во истиот сад потоа додадете го шеќерот, сечканите ореви и кокосовото брашно. Посната чоколада стопете ја на пареа и прелијте ги макароните откако ќе ги сервирате во чинија.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот