Олимпико ќе „гори“: Веќе продадени 30.000 билети за мечот Италија – Македонија

EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Билетите за мечот помеѓу „аѕурите“ и „рисовите“ што се игра во Рим на 17 ноември во рамките на Квалификациите за ЕП 2024 одат како алва

Фудбалската репрезентација на Италија на стадионот Олимпико во Рим, ќе игра со Македонија на 17 ноември, во натпревар кој може да ја реши судбината на „аѕурите“ во поглед на пласманот на Европското првенство во 2024 година.

Репрезентацијата на Лучијано Спалети ќе се соочи со Македонија на стадионот чии трибини ќе бидат добро пополнети. Полниот капацитет е 72.000 гледачи.

Италијанската фудбалска федерација објави дека веќе се продадени 30 илјади билети за претпоследниот натпревар во квалификацискиот циклус, а земајќи ги предвид ниските цени на билетите, ќе се продадат уште многу.

„Аѕурите“ ќе одат на три бода за потоа со поволен резултат да играат во Леверкузен против Украина на 20 ноември и конечно да се изборат за учество на ЕП 2024.

Италија на овој меч ќе се врати на Олимпико, каде има играно најмногу мечеви (38 победи, 18 нерешени, 7 порази), две години по мечот со Швајцарија (1-1) од Квалификациите за СП 2022.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот