Охриѓанец продавал гробови, а парите си ги ставал во џеб

Фото: Слободен печат

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С. (52) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење“.

Пријавениот во својство на службено лице вработено во ЈП „Градски гробишта“ – Охрид, по склучување на два договори за купување на гробни места издал службена каса-прими документ и фискални сметки, а потоа свесно не го завел лицето како сопственик на гробните места во службените евиденции, фискалните сметки ги сторнирал, каса-прими документот го прикрил, а парите не ги предал во службената благајна и противправно ги присвоил за себе, со што нанел штета на Јавното претпријатеие во износ од 92 000 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот