Охрид го врати фрагментот од оградата на Парламентот во Белград

Утре претседателот на српското Собрание, Ивица Дачиќ, ќе присуствува на свеченото примопредавање на дел од поранешната парламентарна ограда од страна на претставниците на градот Охрид и делегацијата на Македонија, беше објавено денескa на веб-страницата на националното собрание на Србија.

Тоа е зачуван фрагмент од оградата што се наоѓал пред парламентот во Белград, во периодот од 1936 до 1956 година.

Како што е наведено на веб-страницата на Собранието на Србија, примопредавањето ќе се изврши на платото пред Домот на Националното собрание во четврток во 7.30 часот, а оградата свечено ќе му ја предаде на Дачиќ, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски.

Споменатиот дел од оградата бил пред Собранието во периодот од 1936 до 1956 година, по што бил демонтиран и пренесен во Охрид, каде ја украсувал вилата „Билјана“, каде повремено престојувал Јосип Броз Тито. Оградата е изработена од ковано железо и според проектот на архитектот Николај Краснов.

Oградата била донесена денес со авион од Македонија.

Фото: Новости

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот