Официјално: Никола Митревски ќе биде новиот голман на Еурофарм Пелистер

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер денеска го претставува првото засилување за следната натпреварувачка сезона 2024/25.

Капитенот на нашата сениорска ракометна репрезентација, Никола Митревски, повторно ќе ги брани боите на битолскиот клуб. Митревски се враќа во својот матичен клуб и ќе го поведе Еурофарм Пелистер во следните две сезони.

Во екипата доаѓа уште еден искусен ракометар, постојан учесник во Лигата на шампионите. По четири сезони во првакот на Португалија, Порто, Митревски ќе застане на голот на Еурофарм Пелистер.

Во својата кариера го носеше дресот на Констанца, Бенфика, Металург и Вардар. Официјалното претставување на Митревски е предвидено во текот на денот.

За РК Пелистер претходно настапуваше во периодот од 2005 до 2007 година. Со РК Вардар еднаш беше првак на Македонија во 2008/09, и има една куп титула, а потоа уште три пати беше македонски првак со РК Металург во сезоните 2010/11, 2011/12 и 2013/14, а и два пати дојде до пехарот во националниот куп.

Со Бенфика ги освои португалскиот Куп и Суперкуп, исти успеси имаше и со Констанца во Романија. А со Порто три пати беше шампион на Португалија, и по еднаш ги освои тамошниот Куп и Суперкуп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот