Официјално: Даниеле Де Роси е новиот тренер на Рома

фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Само неколку часа откако беше објавено дека Жозе Мурињо повеќе не е тренер на Рома, италијанскиот фудбалски клуб веднаш го промовираше наследникот.

Станува збор за поранешниот играч на римската „волчица“, Даниеле Де Роси кој ќе биде на клупата до 30 јуни 2024 година.

По 18 години поминати во кариерата како фудбалер на Рома, Де Роси се враќа во клубот и своето деби на тренерската клупа ќе го има в сабота на „Олимпико“ во Серија А против Верона.

Де Роси како играч на оваа екипа запиша 616 настапи и постигна 63 голови, два пати го освои Купот на Италија и еднаш Суперкупот на таа земја.

– Би сакал да му се заблагодарам на семејството Фридкин што ми ја довери одговорноста за главен тренер на Рома. Сите знаат што значи Рома за мене. Немаме време или избор освен да бидеме конкурентни, да се бориме за нашите цели и да се обидеме да ги постигнеме, кои се единствените приоритети што јас и моите помошници си ги поставивме – рече Де Роси за клупскиот сајт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот