Официјално: Брајан Сарагоса од следната сезона во нападот на Баерн

фото: EPA-EFE/Pepe Torres

Брајан Сарагоса ќе биде нов фудбалер на Баерн Минхен од натпреварувачката сезона 2024/2025, официјално информираа од клубот.

Овој 22-годишен играч официјално потпиша договор на пет години со актуелниот германски шампион, односно до 30 јуни 2029.

Шпанското крило останува во Гранада на позајмица до јуни, а потоа ќе му се приклучи на Баерн на почетокот на следната сезона.

До сега во дресот на Гранада постигна 10 голови во 51 настап, а има и три асистенции.

Своето деби за најдобрата шпанска репрезентација го имаше во победата од 2:0 во октомври против Шкотска во квалификациите за ЕП 2024.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот