Одлуката за забрана на камиони во Атина донесе големи трошоци за супермаркетите

камиони
Камиони/ Фото: МИА

Спроведувањето на неодамнешната одлука на Подрачната управа на Атика за забрана на камиони над 2 тона од 9 до 21 часот, се проценува дека ќе им донесе дополнително оптоварување од 5 милиони евра годишно за супермаркетите лоцирани во границите на општина Атина, објави порталот Катимерини.

Проблемите во непреченото снабдување предизвикани од контроверзната одлука на регионалната власт, се разбира, не ги засегаат само бизнисите во супермаркетите, туку и трговијата на мало во целина.

Супермаркетите и трговците бараат преоден рок од шест месеци и додаваат дека замената на конвенционалните камиони со електрични комбиња не е решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот