Одложено судското рочиште меѓу штипски „Бетон” и грчки „Интеркат”

Фото: pravdiko.mk

Судското рочиште меѓу штипската  градежна компнаија „Бетон” и грчката „Итеркат”, што беше закажано за денеска е одложено за на 24 декември, информираат од Основниот суд во Штип.

„Бетон” побарува пари за извршените градежни работи на новата Клиничка болница во Штип. Овој судски предмет е повторно пред првостепениот суд, откако Врховниот суд го врати назад.

Основниот суд во Штип лани донесе одлука и за блокирање на сметката на грчката компанија, а штипски Бетон во два наврати побара и стечај, овој предмет е во Граѓанскиот суд во Скопје.

– Пред Основниот граѓански суд Скопје поднесени се две барања за покренување стечајна постапка од страна на Бетон АД Штип против ПСТД Интраком Констракшнс – Интеркат. И во двата наврати барањето е одбиено. Едното решение станално правосилно во ноември лани, другото во февраури годинава, се вели во писмениот одговор на Основниот граѓански суд во Скопје.

Од епилогот на судските рочишта ќе зависи и понатамошната изградба на новата зграда на Клиничка болница-Штип.

Минатиот месец Банката за развој на Советот на Европа најави повлекување од проектот, токму поради бавната динамика на изградба. Министерствата за здравство и за финансии сега бараат дополнителни 14 милиони евра. Болницата требаше да биде изградено до 2019 година, а во современиот-дијагностички центар здравствена услога да добиваат над 250.000 жители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот