Од солунското пристаниште за Скопје непречено се одвива товарниот транспорт

Коронавирусот и затворените граници не влијаат врз товарниот транспорт и снабдувањето на нашата земја со карго пратки од пристаништето во Солун, а во петокот кон Скопје тргнал товарен воз со 30 контејнери наменети за индустриите кај нас, јави дописничката на МИА од Атина.

Од солунското пристаниште соопштуваат дека и покрај исклучително тешката ситуација, „останувајќи посветени на заложбата за обезбедување квалитетни услуги и непречено функционирање на трговскиот сообраќај на пристаништето”, продолжуваат посветено да ги услужуваат нивните клиенти.

-Во петокот на 27 март 2020 година од пристаништето во Солун со крајна дестинација Скопје, тргна товарен воз со 30 контејнери наменети за индустрии во соседната земја. Ова претставува важна разврска во одржувањето на континуитетот на работата на услугите на синџирот на снабдувањето за оние кои го користат пристаништето во Солун, а кое игра водечка улога како порта на Балканот, соопштуваат од солунското пристаниште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот