Од Сава во близина на Белград извлечено тело на вработен во српската влада

Тело на машко лице е извлечено од реката Сава во близина на Остружница, кај Белград, пишува Курир.рс.

Телото припаѓа на маж на 62-годишна возраст. Го забележале случајни минувачи во текот на попладнево. Во облеката е пронајдена легитимација за идентификација, од која можело да се види дека се работи за вработен во Владата на Република Србија.

Исчезнувањето на ова лице било пријавено пред два дена. Останува екипите на судската медицина да го утврдат идентитетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот