Од почетокот на пандемијата со ковид-19 во светот инфицирани се над 174 милиони луѓе

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Од почетокот на панедмијата во светот досега регистрирани се 174.052.215 инфицирани луѓе со Ковид-19, покажуваат податоците на сајтот „Ворлдометерс”.

Во моментов активни се 12.987.577 случаи, а од последици на Ковид-19 починале 3.744.029 луѓе. Од коронавирусот оздравеле 157.054.846 луѓе.

Најголем број регистрирани случаи на Ковид-19 има во САД – повеќе од 34,2 милиони, потоа следат Индија со 28,9 милиони, Бразил со речиси 17 милиони, во Франција забележани се над 5,7 милиони и во Турција – повеќе од 5,2 милиони луѓе инфицирани со Ковид-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот