ОД ЛИЦЕ МЕСТО | Пожарот кај Робово засега под контрола, но се шири на други локации

Фото: Марјан Митриновски од лице место

Пламените јазици се стасани на околу 300 метри до селото Робово, јавуваат за Слободен Печат учесници во гаснењето на пожарот кој веќе четврти ден беснее во околината на Пехчево.

„Гаснеме заедно со австриските екипи, шумската полиција од Пехчево и АРМ“, вели Марјан Митриновски, планинар од Пехчево, во телефонски разговор од локација блиску до Робово.

Неговите драматични повици за помош, како и ужасните слики од распламтената борова шума во пехчевскиот крај се споделува на социјалните мрежи. Митриновски на својот Фејсбук профил вчера напиша: „Луѓе! Пожарот во близина на Пехчево се шири на сите страни. Помош!!!“, проследено со неколку фотографии и видео-снимки на кои се гледа како гори густа борова шума.

Фото: Марјан Митриновски

Митриновски вели дека засега се доволно луѓе на терен и дека пожарот се гаси со механизацијата на австриските пожарникари, но дека уморот се чувствува.

„Веќе четврти ден сум на терен, некако се издржува“, вели тој.

Фото: Марјан Митриновски од лице место

Негова проценка е дека самиот град Пехчево е надвор од опасност, но дека селото Робово се уште е загрозено од пожарот кој со денови беснее во тој крај.

„Ние го држиме фронтот кај селото и тука огнот е локализиран, но огнената стихија се шири и на други страни, во моментов не знам каква е состојбата таму“, вели Митриновски.

Фото: Марјан Митриновски од лице место

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот