Од херој на „Хотел Руанда“, до затвореник осуден на 25-годишна затворска казна

Пол Русасабаџини / Фото: EPA-EFE/EUGENE UWIMANA

Судот во Руанда го осуди Пол Русасабаџини, поранешен менаџер на хотели, кој беше прикажан како херој во холивудскиот филм за геноцидот во 1994 година, откако го прогласи за член на група одговорна за терористички напади. Тој е осуден на 25 години затвор.

Русасабаџини е виновен како член на терористичка група и за соучество во терористички активности“, рече судијката Беатрис Мукамуренци.

„Неговиот терористички чин предизвика смрт“, рече таа, сметајќи дека е виновен затоа што бил дел од терористичка група – МРЦД -ФЛН.

Судот утврди дека Русасабаџини обезбедил финансиска и логистичка поддршка за вооруженото крило на опозициското движење во кое тој бил ко-основач.

Тоа вооружено крило, Национален ослободителен фронт (ФЛН), е одговорно за смртоносните напади во Руанда во 2018 и 2019 година, соопшти судот.

Обвинителството побара доживотен затвор по девет точки, вклучувајќи тероризам, подметнување пожар, земање заложници и формирање вооружена бунтовничка група што ја предводеше од странство, но судот одлучи „да ја намали казната на 25 години“, бидејќи Русасабаџини „призна некои злосторства и побара прошка „и бидејќи тоа е негова прва пресуда, рече судијата.

Русасабаџини (67) ги отфрла сите обвиненија и го бојкотираше судењето во март.

Неговата посвоена ќерка, Карин Канимба, ја осуди пресудата, за која вели дека е „донесена“ од претседателот Пол Кагаме, кого тој го обвинува дека стои зад киднапирањето на нејзиниот татко и неговото доведување во Кигали.

Случајот беше внимателно следен откако Русасабаџини беше уапсен минатата година по пристигнувањето од Дубаи.

Русасабаџини беше прикажан како херој во филмот „Хотел Руанда“ од 2004 година, во кој неговиот лик го играше Дон Чидл.

После тоа, Русасабаџини, кој се пресели во Соединетите држави, стана истакнат критичар на претседателот Кагаме.

Русасабаџини негира каква било вмешаност во нападите на групата кога беа убиени девет лица, а неговите поддржувачи судењето го нарекуваат лажно и доказ за немилосрдниот однос на Кагаме кон политичките противници.

Русасабаџини стана светски познат по филмот, во кој тој покажува како го ризикува својот живот да земе стотици луѓе како менаџер на луксузен хотел во главниот град на Руанда, Кигали, за време на стодневниот геноцид, кога етничките екстремисти на Хуту племе убиле повеќе од 800.000 луѓе, главно од малцинството Тутси.

Чидл беше номиниран за Оскар за улогата, а Русасабаџини ја искористи својата новопронајдена слава за да истакне, како што рече, кршење на правата извршени од владата на Кагаме.

Судењето на Русасабаџини започна во февруари, шест месеци откако пристигна во Кигали со лет од Дубаи. Неговите поддржувачи тврдат дека бил киднапиран, а Владата на Руанда посочи дека се качил на приватен авион поради измама.

Соединетите држави, кои му доделија претседателски медал за слобода во 2005 година, Европскиот парламент и Белгија изразија загриженост за околностите на неговото апсење и правичноста на неговото судење.

 

Извор: Ројтерс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот