Од Грција заминуваат 175 бегалци за спојување со семејствата во Германија

Група од 175 лица, меѓу кои 85 деца бегалци без придружба и 90 семејства со деца, од грчките острови денеска заминуваат во Германија каде ќе се сретнат со семејствата, јави дописничката на МИА од Атина.

Алтернативниот министер за миграција и азил на Грција, Јоргос Кумуцакос, како што соопштија од Министерството, вели дека денешното заминување на 175-те баратели на азил и нивното соединување со семејствата кои живеат во Германија, придонесува за „постепено, континуирано и суштинско намалување на бројот на лица кои престојуваат на островите”.

– Соработката со германската Влада носи конкретни резултати. Резултати од тесната и функционална соработка, рече Кумуцакос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот