Од грчките плажи и марини подобри се само шпанските

Министерот за туризам на Грција Харис Теохарис вели дека „Сините знамиња” оваа година имаат посебно значење за туризмот.

Меѓународната награда „Сино знаме” оваа година ја добија 497 грчки плажи, 14 марини и шест туристички јахти, со што Грција е втора во светот меѓу 47 држави, за заштита на природата, јави дописничката на МИА од Атина.

Од 47-те земји што учествувале во програмата, Грција има 13 отсто од наградените плажи, а 94 од „Сините знамиња” се на Халкидики.

Пред Грција е Шпанија, а трета Турција.

Во програмата „Сини знамиња” право на учество имаат организирани плажи, марини и јахти, а за да се добие наградата потребно е да се исполнат 33 строги критериуми што се однесуваат на квалитетот на водата, безбедноста на посетителите, квалитетот на услуги, заштита на животната средина итн.

Министерот за туризам на Грција Харис Теохарис вели дека „Сините знамиња” оваа година имаат посебно значење за туризмот.

-Оваа година „Сините знамиња” дополнително ја симболизираат желбата и волјата да се вратиме во нормала. Сите што работиме за грчкиот туризам, би рекол сите Грци ги поздравуваме наградите од програмата „Сините знамиња” како еден слоган дека битката да си го вратиме животот, веќе започна, вели Теохарис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот