Од 1 јуни Србите ќе јурат кон грчките плажи без застанување на патарините

фото Миа

Од 1 јуни стартува унифицираниот систем за наплата на патарините со Грција, па српските возачи нема да мораат да купуваат посебна ознака за секоја земја низ која поминуваат, туку ќе имаат ознака што ја користат за електронска наплата во Србија и ќе ја користат за плаќање патарина во овие соседни земји. Ќе поминуваат без застанување на наплатните станици, а патарината се наплаќа од платежната картичка. Ова е особено важно за време на туристичката сезона кога има големи гужви. Како што истакна министерот за транспорт Горан Весиќ, има цврста намера за поврзување на земјата со сите нејзини соседи преку унифициран систем за наплата на патарините.

– Од минатата година функционира интегрираната патарина со Македонија. Имаме скоро 50.000 корисници само од Србија кои ја користат таа заедничка ознака, секако има и голем број луѓе од Македонија. Во тек се преговори со неколку земји за да профункционира заедничката ознака во текот на оваа година. Според ветувањето што ми го даде ЈП Патишта Србија, интегрираната патарина со Црна Гора треба да се ослободи на 15 април, со Хрватска на 15 мај, а со Грција на 1 јуни. Морам да потсетам дека нивниот рок за Црна Гора и Хрватска беше септември минатата година, па поради разни причини го одложуваа, а сега се надевам дека ќе го исполнат ветувањето што ми го дадоа – потенцираше Весиќ, информира Каматица.

Според него, тоа е особено важно за Грција, каде во таа земја во текот на летото секојдневно влегуваат околу 10.000 автомобили од Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот