Обврска за кафулињата и рестораните во Хрватска: На 50 гости по еден корона-редар

Фото: split.gg

Кафулињата и рестораните во Хрватска, покрај забраната за работа по полноќ, добија обврска да ангажираат по еден корона-редар на секои 50 гости.

– Корона-редарите се една од мерките за спречување на ширењето на ковид-19. Тоа се лица што ќе бидат назначени од сопствениците на објектот и нивна цел е спроведување на мерките на властите. Сопствениците на угостителски објекти се должни од денеска да назначуваат корона-редари, објасни помошникот министер за внатрешни работи, Дамир Трут за „Ер-Те-Ел“.

На прашањето за моменталната состојба со кршење на мерките, Трут рече дека биле идентификувани 16 прекршувања во 256 инспекции.

– Станува збор за непочитување на просторот и неносење или неправилно носење на маска. Издадени се само предупредувања, рече Трут, додавајќи дека сите оние кои ги прекршуваат мерките на ХЗЈЗ може да бидат казнети, а има и казна за неносење маска.

– Сопственикот на објектот е должен да обезбеди спроведување на мерките и мора да осигури дека гостите носат маски. Ако тие одбијат, односно ако не го сторат тоа, казната ќе ја плати сопственикот на објектот. Постојат казни, тие се пропишани со закон, додаде Трут.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот