Обвинителството бара 30 дневен притвор за малолетникот од Прилеп кој со нож го уби својот другар

Основно јавно обвинителство - зграда / Фото: "Слободен печат" / Драган Митрески

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе Барање за поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор за 15-годишник од прилепското село Сенокос поради постоење на основано сомнение да извршил дејствие што со закон е предвидено како кривично дело, Убиство од чл.123 ст.2 т.7 од Кривичниот законик, стои во соопштението на ОЈО.

Како што информираат од ОЈО, во влезот од зграда  во Прилеп осомничениот со умисла лишил од 14 годишник, нанесувајќи му повеќе убодни рани со нож. Оштетениот успеал да избега, меѓутоа изгубил свест и подоцна им подлегнал на повредите. Бидејќи постојат законски основи, надлежниот јавен обвинител до судијата за деца при Основниот суд во Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор за детето што е во судир со законот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот