Oбуки за земјоделци-кандидати за грантови

фото: МИА

Во Радовиш и Струмица започна третиот циклус на обуки за земјоделци-кандидати за грантови за воведување на современи агроеколошки мерки во рамките на проектот за управување со сливот на река Струмица. Проектот го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, општините од сливот и други релевантни институции, а е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.

-За учество на обуките избрани се 80 земјоделски производители, градинари и овоштари кои ќе следат специјализирани обуки за земјоделско производство, а од нив ќе бидат избрани 50 грантисти – 20 за овоштарство и 30 за градинарство, информираат од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Грантистите ќе бидат избрани преку спроведување на тест на знаење и оние со најмногу бодови ќе бидат добитници на грант во опрема и материјали потребни за примена на предвидените агроеколошки мерки во висина од 300 илјади денари.

Обуките се организираат во октомври и ноември, додека тестирањето ќе се организира во текот на декември 2019 година.

Спроведувањето на активностите за воведување на современи, агроеколошки мерки има за цел зголемување на конкурентноста на земјоделското производство во регионот и намалување на неговото влијание врз животната средина. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот