ОБСЕ со критики за вонредните овластувања на унгарската влада

Претставници на Парламентарното собрание на ОБСЕ за човекови права денеска оценија дека давањето вонредни овластувања на унгарската Влада за време на пандемијата на коронавирусот, без поставување краен датум на траење, е „опасен чекор кој ја поткопува демократијата во таа земја”.

– Ковид-19 веќе зеде голем број жртви, но се плашам дека демократското владеење во Унгарија сега е сериозно загрозено. Недостигот на парламентарен надзор или јасен датум на завршување на вонредната состојба е многу загрижувачки развој на настаните и се надевам дека граѓаните на Унгарија ќе побараат Парламентот да се врати на централното место во донесувањето одлуки , изјави Кирјакос Хаџијани, претседател на Генералниот комитет за демократија, човекови права и хуманитарни работи на Парламентарното собрание на ОБСЕ.

Потпретседателот на комитетот Михаил Георг Линк од Германија вели дека на многу земји им биле дадени вонредни овластувања за борба против кризата, но дека недостигот на парламентарен надзор е особено загрижувачки во Унгарија, се вели во соопштението на ОБСЕ.

„Не можеме да дозволиме Парламентот да биде маргинализиран во оваа борба за здравјето на нашите општества”, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот