Oблачно со повремени локални врнежи од дожд

Фото: EPA-EFE/PETER RAE

Ќе дува засилен северен ветер, особено во источните делови. Утринската температура ќе се движи од 6 до 12, а дневната ќе достигне од 15 до 23 степени.

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен северен ветер, особено во источните делови. Утринската температура ќе се движи од 6 до 12, а дневната ќе достигне од 15 до 23 степени.

Во Скопје, според УХМР, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со засилен северен ветер. Попладне ќе има услови за повремен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 21 степен.

Во понеделник ќе продолжи да дува засилен северен ветер. Потоа ќе настапи стабилизирање на времето, освен во среда, кога повторно ќе има услови за локални врнежи од дожд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот