Објавен списокот на дежурни инспектори за недела-неработен ден

Пазарење за време на коронавирусот во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Државниот инспекторат за труд извести дека согласно законските измени и дополнувања на Законот за работни односи со кој недела стана неработен ден, воспоставува дежурства во недела по региони.

„Ги охрабруваме сите работници  на кои ќе им бидат прекршени нивните права во врска со  работата во недела, спротивно на законските прописи, да пријават во Државниот инспекторат за труд“,соопшти Инспекторатот.

Оттаму информираа дека пријавувањето може да го направат на неколку начини: на веб страницата на Државниот инспекторат за труд (dit.gov.mk) анонимно, или како пријава од познат подносител, со поднесување на пријава во архивите на подрачните одделенија и во централата на ДИТ од понеделник до петок од 8.30 до 16.30, преку кол центарот повикувајќи го бројот 15131 од понеделник до петок од 8.30 до 16.30, и во недела почнувајќи од 2 јануари 2022 година од 8.30 до 16.30 часот на дежурните инспектори по региони. Приотоа, информации со податоци за дежурни инспектори во неделите во јануари 2022 можете да се добијат на следниот линк: https://dit.gov.mk/?p=9833, соопшти Инспекторатот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот