ОБИД ЗА ГРАБЕЖ НА ОБЛОЖУВАЛНИЦА: Вработен со „голи раце“ спречи вооружени криминалци во Србија (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/Новости

Српските медиуми пренесуваат дека доцна синоќа во една обложувалница во близина на градот Крушевац се случила вистинска драма. Вооружени лица се обиделе да го ограбат локалот во кој работи Веселин Ивковиќ (33), каде е вработен повеќе од 10 години, а тој со „голи раце“ им се спротиставил на ограбувачите.

– Стоев на шанкот кога влегоа две момчиња, вооружени, па мислев дека е некоја шега и им реков да „излезат навор“ – сведочи Ивковиќ.

– Тие само повторуваа „грабеж, грабеж, пари пари“, а јас „излезете надвор“. Имаа капи и марами преку лицата и во еден момент го вперија пиштолот кон мене. Испукаа и куршум, а дури тогаш се фрлив под шанкот. Се обидеа да земат пари, а јас се обидев да ја зачувам касата. Не сум свесен за тоа што го направив, едноставно сакав да го одбранам прометот. Кога ги видов снимките на безбдносните камери, како тогаш да сфатив се што можеше да се случи. Можеби и адреналин беше во прашање, па така реагирав – раскажува за српски „Курир“ Веселин Ивковиќ.

Обидот на ограбувачите да ги одземат прометот бил неуспешен, Веселин успеал да ја „спаси“ касата, а парте паднале на подот. Разбојниците успеале да земат нешто повеќе од 7.000 динари (3,669 денари), што е минимално, бидејќи целокупниот промет изнесувал повеќе од 100.000 динари (52.415 денари).

– Успеаја да ги соберат парите што паднаа на подот и побегнаа, а ја тргнав кон вратата – сведочи Ивковиќ за „Новости“.

– Му викнав на еден гостин да ми го донесе елекот, кадешто ми беа клучевите. Кога ја заклучив обложувалницата, ја повикав полицијата, шефот и газдата. Со полицијата дојдоа и форензичари, кои земаа отпечатоци од прсти од касата, а ние дадовме изјави за полицијата – завршува храбриот Ивковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот