ОАЕ создаде воздушен мост за помош на Авганистан

Авганистан / Фото: МИА

  Обединетите Арапски Емирати воспоставија воздушен мост за да достават тони помош за Авганистан, откако контролата во земјата ја презедоа талибанците, изјави денеска оператор на аеродромот во Кабул, пренесува БГНЕС.

Богатите ОАЕ, близок сојузник на САД, е една од многуте земји во Персискиот Залив кои беа клучни домаќини за евакуациски летови за странци и Авганистанци, заедно со Катар, Кувајт и Бахреин.

„Од 3 септември …, владата на ОАЕ го активираше коридорот за воздушен мост за хуманитарна помош”, рече Ибрахим Моарафи, генерален менаџер и регионален директор на ГААК со седиште во ОАЕ, компанија која обезбедува копнени и безбедносни услуги во аеродром во Кабул од ноември 2020 година.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот