Нуредини: Cите ќе мораме да ги смениме навиките за да имаме почиста околина

Новиот министер за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини денеска оствари брифинг со новинарите, а кој присуствуваа и заменик министерот Јани Макрадули и државниот секретар Ана Петровска.

Тој потенцираше дека не е политичар и дека се надева со своите менаџерски сопособности успешно ќе го води министерство кое го предводи. Нуредини, потенцираше дека ја сака оваа земја, како сите ние и дека сака да ја види земјата успешна за доброто на сите нејзини граѓани.

Министерот истакна дека повеќе сака да дејствува, отколку да зборува, па затоа рече дека нема да даде празни зборови и бескрајни ветувања, туку дека ќе работи напорно и паметно за да ги постигне резултатите кои мисли дека ги заслужува оваа земја.

Нуредини рече дека Владите и министрите доаѓаат и си одат, но земјата ќе остане и грижата за неа исто така. Тој вели дека сите ќе мораме да ги смениме навиките, со цел да се ослободиме од нашиот отпад, да ги заштитиме зелените површини, затоа што никој нема да дојде и да ги промени работите за нас, па поради тоа мораме да почнеме од самите себеси. Добро управуваната политика за заштитата на животната средина може да биде извор на енергија на економијата која што почнува да се развива.

Министерот вели дека како татко и вујко, сака да се погрижи сега и да се соочи со еколошките проблеми, а со тоа да оствари подобра иднина за нашите деца. Тој вели дека други земји, дури и малите, како што е нашата покажаа дека може да се направат паметни еколошки одлуки, кои ќе носат и нови работни места.

Да, тој потенцираше дека е свесен на која позиција доаѓа, одговорноста која ја има, како и проблемите со кои се соочува нашата земја. Па поради тоа Нуредини побара помош од медиумите и од сите граѓани на нашата земја да помогнат при решавањето на проблемите, а со тоа да се елиминираат дивите депонии, да се најде подобро решение за загадениот воздух и слично, проблеми со кои се соочува целата држава. Тој најави поголемо ангажирање на инспекторите со цел лоцирање и отстранување на проблемите. Исто така ќе побара совети од домашните експерти за сите проблеми со кои се соочува државата, но не ја исклучува можноста и за ангажирање на стручни лица од странство.

Затоа тој замоли сите да му се придружат во оваа „битка“, сите да бидеме храбри, иновативни, да ги оставиме старите поделби и да се фокусираме на модерната, зелената и чистата економија што оваа земја ја заслужува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот