Њујорк тајмс: Иран тајно преместува и крие ракети во Ирак

Иран тајно префрла ракети во Ирак, тврди американскиот весник Њујорк тајмс. Зголемениот арсенал од балистички ракети со мал дострел е последниот признак за пропаднати напори на САД за запирање на активностите на Техеран.

Вашингтон го зголеми одново военото присуство на Блискиот исток за да се спротистави на појавата на нови закани за американски интереси вклучително напади врз нафтени танкери и објекти за кои американското разузнавање го обвинува Иран. Од мај администрацијата на Трамп испратила уште 14.000 војници во регионот, наведува весникот.

Новите разузнавачки податоци за натрупување ракетен арсенал во Ирак е нов знак дека обидите да се запре Техеран се пропаднати. Ракетите се закана за сојузниците и партнерите на САД во регионот, наведуваат американски претставници од разузнавањето.

Ракетен арсенал вон границите и дава на иранската Влада и армијата предност при каква било криза со САД или нивни регионални сојузници. Иран ги користи ирачките шиитски милиции за преместување и криење на ракетите. Паравоените тимови во пракса контролираат многу патишта, мостови и објекти од инфраструктурата и тоа го олеснува тајното внесување ракети, нагласува Њујорк тајмс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот