Новороденче почина во болницата во Призрен, тројца лекари уапсени

Полициски амблем на Косово / Фото: МИА

Косовската полиција уапсила тројца лекари од призренската болница поради смрт на новороденче, под сомнение дека до неа дошло поради несоодветен третман на медицинскиот персонал, пренесува Коха.
Уапсените лекари се осомничени за кривично дело „несовесно лекување“.

„Пријавителот информираше дека бебето починало неколку минути по раѓањето и се сомнева дека тоа е резултат на несоодветен третман од страна на медицинскиот персонал, стои во полицискиот извештај.

Портпаролот на призренската болница Шефајет Бериша изјави дека не бил информиран за апсењата и дека тие не се случиле во болницата.

Тој рече дека во врска со овој случај контактирал со началникот на гинеколошкото одделение, кој не одговарал на повиците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот